Македонскиот автомобилист Игор Стефанпвски – Иџе успеа да се искачи на подиумот во Имола на трката во ТЦР-шампионатот.
Иџе со добро возење и малку среќа ја освои третата позиција. Македонецот до третото место стигна откако возачот пред него, некаде во финишот на трката се откажа поради механички проблеми.
Иџе во целта имаше за десет секунди послабо време од победникот Бетера. Второто место му припадна на уште еден Италијанец, Тавани.
Инаку, утре во Имола ќе се вози втората трка.