Top Sport

Иџе со фантастична победа во Шпанија

Игор Стефановски-Иџе повторно покажа дека е мајстор во Европскиот шампионат во ридски трки, триумфирајќи со комбинирано време по трите трки од Субида Интернасионал ал Фито трките во Шпанија.

Покрај тоа што го освои првото место во својата група, тој со своето Хјундаи беше десетти најбрз во вкупниот пласман без разлика на категории. Ова е втора победа во три трки од ФИА Европскиот шампионат во ридски патеки, по триумфот во Франција и второто место во Австрија.

Scroll to Top