Top Sport

Струга првпат во историјата стана македонски шампион

ФК Струга првпат во својата кратка историја стана шампион на Македонија на две кола пред крајот на шампионатот во Првата лига, откако покрај 2:0 победата над Силекс им одговараше и 2:1 победата на досегашниот шампион Шкупи над Шкендија во дербито, со што направи предност од седум поени на врвот на табелата на само две кола пред крајот на шампионатот.

Со ова стружани ја потврдија својата фантастична сезона, во која го зазедоа врвот на табелата уште од самиот почеток на шампионатот и до крајот не дозволија да потфрлат, дури и со промената на тренерот Срѓан Захариевски и пристигнувањето на Шпетим Дуро.

По повеќе шанси во првото полувреме, ветеранот Бесарт Ибраими им донесе водство на домаќините во 43. минута, за во второто полувреме да додадат уште два гола во мрежата на кратовчани – капитенот Бунјамин Шабани во 46. минута зголеми на 2:0 со гол од пенал, за во 77. минута да стрела повторно за убедлива победа за титула на клубот кој е формиран само пред осум години, поточно во 2015 година.

На „Чаир“, пак, Шкендија прва дојде во водство со одличниот гол на Ералдо Чинари во 17. минута, но Шкупи успеа бргу да израмни преку Сандеј Адетунџи во 28. минута.  Дарко Илиески во 77. минута осигура трите поени и второто место да останат во Скопје.

Во преостанатите три меча од 31. коло не недостасуваа голови – Македонија Ѓорче Петров со 7:0 го декласираше новиот второлигаш Победа, Тиквеш приреди изненадување со 4:1 победа на гости кај Академија Пандев, додека во драматичен меч во Скопје, Работнички со 5:4 ја совлада Брегалница.

ПРВА ЛИГА, 31.КОЛО
Академија Пандев – Тиквеш 1:4
Македонија Ѓорче Петров – Победа 7:0
Работнички – Брегалница 5:4
Шкупи – Шкендија 2:1
Струга – Силекс 3:0

Фото: ФК Струга

Scroll to Top