Top Sport

Иднината на Рено во Ф1 е „крајно неизвесна“

Францускиот автомобилски гигант Рено потврди дека нивната вклученост во Формула 1 е неизвесна по проблемите во лидерството на најголемиот светски производител на автомобили.

Надвор од Ф1 патеката, Рено се соочи со големи проблеми – нивниот поранешен генерален директор Карлос Госн лани беше уапсен за финансиски криминал, а неговата замена Тјери Болор неодамна доби недоверба од бордот на директори на компанијата.

Госн беше клучен човек за влегување на Рено како тим во Ф1 во 2016 година, иако големите средства не вродија со плод – тимот нема пол-позиција, победа, подиум, а оваа сезона е на петтото место зад Ферари, Мерцедес, Ред бул и Мекларен. Рено потрошија многу пари да го донесат Даниел Рикардо како возач за оваа сезона, додека Естебан Окон од 2020 ќе биде негов партнер.

Преодната генерална директорка, Клотилде Делбо призна дека ќе се стави лупа на работењето на Ф1 тимот.

„Ова е нормален процес, но наместо површна анализа, ние ќе направиме детална анализа на вклученоста во спортот со однос на позицијата на пазарот и финансиската ситуација на групацијата. Сѐ ќе биде под ревизија“, изјави Делбо.

Scroll to Top