Top Sport

Македонија во цврст пријателски меч подобра од Грузија

Македонската ракометна репрезентација со 25:21 (12:12) ја победи Грузија во првиот од двата пријателски мечеви во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Ова е трет позитивен резултат за подмладениот тим на селекторот Данило Брестовац, по победата над Турција и ремито со Италија, а утре на програмата (16.00 часот) е втор дуел со репрезентацијата на Грузија.

Капитенот Кирил Лазаров беше присутен на мечот, но остана на клупата, додека своја шанса добија Манасков, Кузмановски, Талески и Пешевски.  Македонија имаше одличен старт на мечот за водство од 7:2, но до крајот на првото полувреме, цврстите Грузијци успеаја да стигнат до 12:12.

Во второто полувреме, Македонија успеа да се одвои на +2, и на крајот на мечот да стигне до конечните 25:21. Пешевски, Велковски и Поповски го завршија мечот со по четири гола, додека Борко Ристовски имаше 15 одбрани на голот.

Фото: РФМ

Scroll to Top