Top Sport

Имола сака „италијанска тројна трка“ во 2020

Шефовите на патеката Имола се обидуваат да добијат место на календарот во Формула 1 оваа сезона, и првиот човек Селватико Естенсе вели дека трката би била дел од „легендарната италијанска тројна трка“.

Ф1 медиумите тврдат дека наскоро патеката Муџело, обично дом на Италијанското ГП во Мото ГП шампионатот, ќе биде потврдена како домаќин на деветтата трка од сезоната (по потврдените осум трки во Европа), а Имола сака да се вклучи како 10-та трка. Имола последен пат беше домаќин на ГП трка во 2006 година, како Сан Марино ГП, а во средата тимот на Алфа Таури (поранешниот Торо росо) тестираше на патеката.

„Имола има Ф1 во својата ДНК и тоа не смее да биде заборавено и треба да се гордееме со фактот. Бидејќи локалната екомонија е во момент на сериозна економска криза, би сакале да ги донесеме најдобрите во Имола. Најлогичното е да има легендарна италијанска тројна трка, заедно со Монца и Муџело. Ние се подготвуваме од април“, вели Естенсе.

Scroll to Top