Прво Фернандо Алонсо, а сега и Инди кар најавуваат дека вторникот ќе биде клучен ден во Формула 1, со објава од двократниот шампион.
Шпанскиот ветеран е поврзуван со заминување од Ф1 за американската серија во 2019 година во потрага по „тројната круна“ (Инди 500, Монако ГП и Ле Ман), а пред некој ден најави дека на 14 август ќе направи голема објава.
Сега, еден ден пред објавата, Инди кар серијата отворено го запраша Шпанецот: „Уште сме договорени за ручек?“.
We still on for lunch tomorrow, @alo_oficial? https://t.co/c59VdAHU18 https://t.co/VoTpoj8nNP
— IndyCar Series (@IndyCar) August 13, 2018