Top Sport

Што ќе открие Фернандо Алонсо на 14 август?

Дали Фернандо Алонсо е блиску до крајот на кариерата во Формула 1, или има нешто уште поспектакуларно за објавување? Останува да почекаме до вторник, 14 август, за кога двократниот светски шампион најави „голема објава“.

Возачот на Мекларен, повторно е во центарот на случувањата во Ф1 со неговата одлука за иднината, откако и во четвртата сезона со славниот британски тим не успева редовно да се бори ниту за поени, а не за подиуми и победи.

Постои опција тој да остане уште една година во Мекларен, но откако триумфираше на 24 часа Ле Ман, уште поверојатна е опцијата тој да се фокусира на Инди кар трките во САД, во обид да ја комплетира „тројната круна“ со победа на Индијанаполис 500.

Од друга страна, најавата на 14 август, може да е и нешто сосема секојдневно, како нов спонзорски договор…

Scroll to Top