Top Sport

Јаноне позитивен и на вториот тест

Возачот на Априлија Андреа Јаноне кој неодамна доби привремена суспензија поради употреба на недозволени супстанци бил позитивен и на повторениот допинг-тест. Информацијата се уште не е официјализирана, а порталот „Корсе ди мото“ наведува дека вредностите во повторениот тест биле умерени.

За потсетување на 17 декември минатата година беше објавено дека во урината на италијанскиот мотоциклист бил пронајден забранетиот егзоген анаболички стероид.

Допинг тестот на Јаноне му бил направен по трката за Големата награда на Малезија. Во текот на истрагата тој тврдел дека забранетата супстанца во организмот ја внел низ контаминирана храна и пијалок.

Суспензија му започна на 17 декември 2019 година, што значи дека тој не смее да се натпреварува ниту да учествува во тестирањата.

Јаноне има право да се жали меѓутоа сигурно е дека Априлија нема да може да смета на него за тестирањата што ќе започнат на 7 февруари, а речиси е сигурно дека нема да се врати на патеката ниту на стартот од новата сезона, чии почеток е закажан за 8 март.

 

 

Scroll to Top