Top Sport

Јапонското ГП под закана од тајфунот Хагибис

Тајфунот Хагибис може да биде закана за Јапонското ГП овој викенд, откако неодамна од статус бура тој стигна до статус супер-тајфун.

Огромната бура во моментов е на југоисточниот дел од азискиот континент, но се очекува да го продолжи северозападниот пат кон Јапонија каде што ќе стигне во сабота, иако ќе биде значително ослабен. Покрај Ф1 викендот, во Јапонија се оддржува и Светскиот куп во рагби.

Во 2014 година, под влијание на тајфунот Фанфоне, трката во Сузука се оддржуваше при дожд и намалена видливост, кога францускиот возач Жил Бјанки ја загуби контролата на својот болид Марусија и се удри во помошно возило кое беше покрај патеката. Тој доби сериозни повреди на мозокот и почина на 17 јуни 2015 година.

Scroll to Top