Top Sport

Дешам: Љорис ќе паузира до 2020!

Голманот на Тотенхем, Иго Љорис најверојатно нема да заигра повторно оваа година откако тестовите покажале дека тој има оштетени лигаменти на левиот лакт при 3:0 поразот од Брајтон, открива францускиот селектор Дидие Дешам.

Љорис доби дислокација на лактот при падот во обид да го одбрани ударот на Паскал Грос, по што топката падна пред Нил Мопај кој го постигна првиот гол. Дешам во понеделникот се сретна со Љорис во Клерфонтан, откако голманот пристигна во Париз за медицински тестови.

„Тешко е да се каже колку долго ќе биде недостапен. За среќа, нема фрактура на лактот, но лигаментите се оштетени. Не сум лекар, но знам дека нема да биде со нас ниту следниот репрезентативен собир. Ќе биде во аут помеѓу неколку недели и неколку месеци и речиси сигурно нема да игра повторно во 2019“, вели Дешам.

Scroll to Top