Top Sport

Почина англиската фудбалска легенда Гордон Бенкс (видео)

Гордон Бенкс, голманот на легендарната англиска репрезентација која го освои Светското првенство во 1966 година, почина на 81 годишна возраст.

Бенкс одигра 73 натпревари за Англија, а го освои Лига купот како фудбалер на Стоук сити, но неговата кариера беше прекината во 1972 година кога по сообраќајна несреќа го загуби видот на едното око.

„Со голема тага објавуваме дека Гордон почина мирно во текот на ноќта. Тагата е огромна, но со нас имаме многу среќни сеќавања и не можеме да бидеме повеќе горди на него“, изјави неговото семејство преку соопштение.

Бенкс, заедно со своите современици Лав Јашин и Дино Ѕоф беше сметан за еден од најдобрите голмани на таа генерација, а неговата одбрана на ударот на Пеле на СП во Мексико во 1970 година беше позната како „одбрана на столетието“.

Пред неговиот 34. роденден, возејќи се дома од стадионот на Стоук, неговиот автомобил заврши во јама по судир со комби и лекарите не успеаја да му го сочуваат видот на десното око. По ова, тој играше во САД за Форт Лодердејл страјкерс.

Scroll to Top