Top Sport

Каква иронија! Претседателот на НАСКАР уапсен за возење под дејство на алкохол

Претседателот на најпопуларната американска тркачка серија, НАСКАР, Брајан Френс бил уапсен во Хемптонс, Њујорк поради возење во алкохолизирана состојба и поседување на недозволени наркотици.

Според веб-сајтот „ТМЗ“, Френс „паднал“ на тестот на трезност, по што било утврдено дека во крвта имал двојно повеќе од дозволеното ниво на алкохол, а кај него биле пронајдени и нелегални апчиња „Оксикодон“.

56-годишниот Френс е внук на Бил Френс Сениор, основачот на НАСКАР (во 1948 година) и е на чело на тркачката серија од 2003 година.

Scroll to Top