Претседателот на Нисан Мотор групацијата (каде што е и францускиот производител Рено), Карлос Госн беше уапсен во понеделникот поради финансиска измама и ќе биде отпуштен од бордот оваа недела, тврдат француските медиуми.
Госн исто така е и претседател и извршен директор на францускиот партнер на Нисан, Рено и еден од најпознатите лидери во автомобилистичката индустрија, а неговото заминување може да значи и проблем за Ф1 тимот.
Според Нисан, внатрешната истрага покажала дека Госн ги користел парите на компанијата за лични цели и дека тоа траело неколку години. Францускиот претседател, Емануел Макрон изјави дека владата, како прв акционер во Рено, ќе ја разгледа алијансата со Нисан и ќе преговара со јапонските колеги. Акциите на Рено паднаа неверојатни 11 отсто за еден ден.
Познат како „Ле кост килер“ за својата успешност за намалувањето на трошоците во Рено, 64-годишниот Госн е одговорен за алијансата на Рено со Нисан – Рено поседува 43.4 отсто од Нисан, а Нисан поседува 15 отсто од Рено.
Госн исто така беше еден од најголемите поддржувачи на Рено во Ф1, враќајќи го тимот како производител и најавувајќи лов на титулата.