Top Sport

Абрамович не доби понуда од 3 милијарди фунти

Роман Абрамович добил повеќе понуди за купување на Челси, но ниту една од нив не ги достигнува посакуваите 3 милијарди фунти, тврдат извори на „ЕСПН“.

Потенцијалните купувачи имаат краен рок до 15 март да дадат понуди до банката од Њујорк, „Рејн груп“, која е задолжена да ја организира продажбата на клубот. Друга причина е што се очекува тогаш да стапи на сила „Економскиот криминален закон“, со кој ќе се „таргетираат“ бизниси и личности со блиски врски со рускиот претседател Владимир Путин.

Според „ЕСПН“, понуди стигнале од конзорциумот предводен од швајцарскиот милијардер Хансјорг Вис и од делумниот сопственик на Л.А. лејкерс, Тод Бели, кој во 2019 година нудеше 2.2 милијарди фунти за клубот. Турскиот бизнисмен Мухсин Бајрак тврдеше дека дал понуда од „под 2.5 милијарди фунти“ и останува во преговори, но не се појавија најавените инвеститори од Блискиот Исток.

Ниту една од понудите не достигнала до посакуваната сума на Абрамович најмногу поради проблемите кои ги имаше Челси со планираниот редизајн на стадионот „Стемфорд Бриџ“ во еден од најскапите делови на Лондон.

Scroll to Top