Top Sport

Кими ем не доби предност, ем доби казна од 30 секунди – ФИА ќе го менува правилото

Светската автомобилистичка федерација (ФИА) размислува за промена на правилото според кое ветеранот на Алфа Ромео, Кими Раиконен ги загуби поените на ГП на Емилија-Ромања во Имола.

Поранешниот светски шампион доби казна од 30 секунди по крајот на трката, откако го почна рестартот на трката по црвеното знаме на погрешна позиција. Тој се изврте на првата шикана и загуби две места кои веднаш не ги врати, бидејќи кругот кој се одвива зад безбедносното возило за време на рестартот е формациски круг (круг за загревање). Возачите мораат да си ги вратат позициите и ако не го направат тоа, треба да стартуваат од боксот.

Алфа Ромео и Раиконен беа збунети од одлуката, посебно бидејќи казната Финецот ја доби иако загуби позиција, а не доби предност. ФИА ги разгледува опциите да го смени ова правило.

Scroll to Top