Top Sport

ИОЦ потврди – нема „клечење“ ниту политички протести на Олимпијадите

Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) потврди дека на спортистите на Летната Олимпијада во Токио ова лето и Зимската Олимпијада во Пекинг во 2022 ќе им биде забрането да протестираат на подиумот и на спортските терени за да се избегне „политизирањето“ на спортот и да се заштитат спортистите од „надворешен притисок“.

ИОЦ ја донесе одлуката по советувањето со Спортската комисија, која направи истражување на 3.500 олимпијци од 185 земји. Повеќе од две третини од спортистите сметале дека е неприкладно да се кажуваат политички ставови на теренот и на подиумот.

„Политичката неутралност на Олимписките игри е начин да се заштитат спортистите од политичко влијание и искористување. Спортистите мора да се заштитени од последиците да се постават во позиција каде што мора да направат јавна позиција на домашен или интернационален настан“, се вели во соопштението на ИОЦ.

Сепак, ИОЦ дозволува спортистите да го искажуваат своето мислење на прес-конференциите, интервјуата, тимските состаноци или на социјалните мрежи.

Scroll to Top