Top Sport

Шекил стана кечер, заврши во амбулантно возило!

НБА легендата Шекил О’Нил беше однесен со амбулантно возило откако во неговиот експлозивен прв меч во кечерската серија АЕВ Дајнамајт, беше фрлен во маса и на крајот мораа да му ги подвиткуваат колената за да го собере во амбулатнтното возило.

Легендата на Лос Анџелес лејкерс и Мајами хит, заедно со Џејд Кардил влегоа во рингот против Коди Роудс и Ред Велвет во Џексонвил, Флорида и иако неговиот тим замина со победа, 48-годишниот Шек доби силен удар додека стоеше на јажињата и потоа беше забележан како го поставуваат во амбулантно возило.

Пред мечот, тој беше оптимист.

„Не сум професионален кечер, но сум бил во мечеви претходно. Имам доста добри потези. Не сум акробат и нема да скокам од јажиња, но тука сум со моќната игра. Ќе ја покажам таа моќ“, изјави Шекил.

Scroll to Top