Возачите на Мерцедес доминираа во квалификациите пред утрешната трка за Големата награда на Велика Британија. Луис Хамилтон и Валтери Ботас имаа подобри резултати од конкурентите за една секунда.
Актуелниот светски првак Луис Хамилтон ја освои пол-позицијата со нов рекорд на патеката 1:24.303 минути. Британецот ја освои седмата пол-позиција, вкупно 91 во кариерата.
Втората позиција во квалификациите му припадна на Валтери Ботас. Финецот од тимскиот колега имаше послабо време за 313 илјадити делови од секундата.
„Очигледно меѓу нас и останатите има голема разлика. Но мене Валтери секогаш ме притиска до крајните граници. Завршивме одчична работа“, рече Хамилтон.
Вториот ред пред трката го формираа Макс Ферстапен Ред Бул и Шарл Леклер од Ферари. Ферастепен за д Хамилтон задоцни за 1.022 секунди, а беше побрз од Леклер за 0.124 секунди.
Третиот ред го формираа Ландо Норис од Мекларен и Ленс Строл од Рејсинг Поинт. Во првите десет завршија уште и Карлос Саинц јуниор од Мекларен, возачите на Рено Естебан Окон и Даниел Рикардо и Себастијан Фетел од Ферари.
Трката за Големата награда на Велика Британија утре ќе стартува во 15.10 часот.