Top Sport

Корона вирусот предизвика откажување на првата трка од Мото ГП сезоната

Светската мотоциклистичка федерација (ФИМ) и Мото ГП шампионатот потврдија дека првата трка од новата сезона 2020 во Катар нема да се оддржи поради ограничувањето на патувањата по корона вирусот, откако неодамна се појавија првите потвдени случаи во Катар, додека има многу заразени во соседниот Иран.

Поради потврдените случаи во Јапонија и Италија минатата недела, каде што повеќето Мото ГП тимови имаат седишта, одлучено е да се откаже Мото ГП трката. Иронично, Мото2 и Мото3 трките во Катар ќе се оддржат бидејќи тимовите веќе се во земјата каде што го имаа последниот тест пред стартот на сезоната. Мото ГП трката требаше да се оддржи следната недела.

Scroll to Top