Откако минатата сезона се бореа за секој илјадити дел од секундата за да добијат предност, во 41. круг од ГП на Емилија-Ромања во Имола, ривалството Макс Ферстапен-Луис Хамилтон доби нова епизода, овојпат неславна за британскиот светски шампион.
Ферстапен, засега, го оддржува првото место на трката на легендарната италијанска патека, додека Хмилтон е само 14., така што холандскиот возач на Ред бул успеа за цел круг да го претекне стариот ривал, во уште еден доказ колку „моќните“ Мерцедес паднаа во 2022.
Verstappen doblando a Hamilton. Es surrealista #ImolaDAZNF1 pic.twitter.com/hyv1g9kJpv
— Jonatannn (@FT9Jonny) April 24, 2022