Top Sport

КТМ со филм ја најавија новата сезона (Видео)

КТМ и Тех3 заеднички ги претставија моторите за годинешниот Мото ГП шампионат. За разлика од минатите години австриската компанија моторите ги претстави со интересен филм.

Претстојната сезона ќе биде четвртата за тимот од Матингхофен и воедно четврта за Пол Еспаргаро, кој како дебитант му се пиклучи на овој тим.

Тимски колега на Шпанецот требаше да биде Жоан Зарко, во текот на летото побара раскин на договорот. Францускиот возач доби отказ, а на неговото место како дебитант во кралската класа влезе Бред Биндер кој ќе вози заедно со Пол Еспаргаро.

Бидејќи Биндер е во КТМ, челниците се решија возачката постава во Тех3 да ја сочинуваат Мигел Оливеира и Икер Лекуона. Оливеира ќе ја вози својата втора сезона, додека Лекуона дебитираше на последната трка во минатата сезона во Валенсија.

Сите возачи ќе го возат моделот „КТМ РЦ16ц“. Моделот возачите имаа можност да го тестираат шест дена во Малезија, а ќе продолжат со тестирањата на 22 февруари на патеката „Лосаил“.

Покрај нив на новиот модел работеа и тест-возачите Дани Педроса и Мика Калио.

Scroll to Top