Top Sport

Кливленд го отпуштија тренерот

Џон Билајн повеќе не е тренер на Кливленд Кавалирс. На почетокот на сезоната Билајн пристигна во Кливленд, потпиша петгодишен договор, но лошите резултати му пресудија по само шест месеци.

Кливленд Кавалирс во моментов се последни на Истокот, а претпоследни во целата НБА лига. Шампионите од 2016 година на половина од сезоната имаат скор од 14 победи и 40 порази.

Поранешниот тренер на универзитетот Мичиген на клупата ќе го наследи неговиот прв асистент Би Џеј Бикерстаф. Тој ќе ги води Кавалирс до крајот на оваа сезона.

Инаку, 67 годишниот Билајн е тренер од 1975 година, но Кливленд му беше прво НБА искуство.

Scroll to Top