Ф1 пилотот, Роберт Кубица објави дека следната сезона нема да вози за екипата на Вилијамс. Полскиот возач оваа сезона успеа да освои само еден поен ( на трката за ГН на Германија) за британската екипа, но во сите квалификации стартуваше зад тимскиот колега, Џорџ Расел.
По 8 години отсуство, Кубица во 2019 се врати во Ф1 и тоа во убедливо најслабиот тим во актуелната сезона.
„Откако се вратив во Ф1, секако би сакал да останам, но не по секоја цена. Мислам дека ќе морам да го работам она што ќе ми врати малку среќа во тркањето. Оваа сезона е многу тешка од аспект на резултатот. Не е лесно да се вратиш по толкава пауза. Му благодарам на тимот за можноста. Е видиме што ќе донесе иднината“ – изјави Кубица.
Полјакот ќе биде дел од Вилијамс до крајот на сезоната, а зесега нема најави кој би можел да дојде на неговото место во тимот.