Top Sport

Тежок инцидент на Маркез на тренингот во Тајланд (Видео)

Првиот слободен тренинг пред трката што в недела ќе се вози во Мото ГП шампионатот, го обележа паѓањето на актуелниот светски прва и лидер во генералниот пласман Марк Маркез.

На нешто повеќе од пет минути до крајот на тренингот, Маркез во еден свиок паднал од својата Хонда, а гледката воопшто не била наивна.

Заднот дел од неговиот мотор буквално бил распаднат, а за среќа Маркез веднаш станал и со куцање и со помош на луѓето од редарската служба се упатил кон возилото за итна помош.

Петкратниот светски првак бил транспортиран во блискиот медицински центар каде ќе му бидат извршени детални прегледи.

Шпанецот во моментот на инцидентот го имал најбрзото време на патеката (1:31.187 минути), но до крајот на тренингот го минале Фабио Квартараро (Петронас Јамаха, 1:31.170) и Маверик Вињалес (Јамаха, 1:30.979).

Scroll to Top