Top Sport

Квартараро супериорен во Силверстоун, граби кон светската титула

Францускиот Мото ГП ас, Фабио Квартараро стигна до својата петта победа оваа сезона, доминирајќи на Британското ГП во Силверстоун за да ја зголеми својата предност во генерален пласман на над две трки.

22-годишниот возач на Јамаха претходно победи во Катар, Португалија, Италија и Холандија, и уште трипати беше на подиумот, за да има вкупно 206 поени, дури 65 повеќе од Жоан Мир, кој трката ја заврши само како деветти.

Стартот на трката беше во знак на Пол Еспаргаро, кој излезе на првото место, додека Марк Маркез, поранешниот шампион во обид да се протне пред Хорхе Мартин, излета и двајцата не можеа да ја продолжат трката. Квартараро пред себе ги имаше двајцата браќа Еспаргаро, Алеиш и Пол, за да ги помине и да почне со походот кон победата.

Квартараро потоа успеа да избега на првото место, и направи предност од 5-6 секунди, оставајќи зад него да тече борбата за подиумот. На крајот, Алекс Ринс успеа да стигне до второто место пред Алеш Еспаргаро во Априлија, кој во последниот круг успеа да го изддржи нападот на Џек Милер во Дукати, по што следуваа Пол Еспархаро и Брад Биндер.

Scroll to Top