Top Sport

Квјат и Торо росо најбрзи во Барселона, Мерцедес побрзи само од Вилијамс!

Повратникот во Формула 1, рускиот возач на Торо росо, Данил Квјат во финишот на третиот ден тестирање во Барселона постави најдобро време, изненадувајќи го новиот возач на Алфа Ромео, Кими Раиконен, кој беше побрз во поголемиот дел од попладневната сесија.

Квјат со Ц5 гумите на Пирели, најмеките достапни на ова тестирање, го симна Раиконен од врвот во последните 15 минути од сесијата со круг од 1:17.704, за само 0.058 секунди побрзо време од Финецот.

Даниел Рикардо беше трет за Рено, додека Ферари првпат оваа недела завршија надвор од топ 3 со четвртото најдобро време за Себастијан Фетел.

Мерцедес уште еднаш свесно останаа надвор од трката за најдобро време, наместо тоа фокусирајќи се на бројот на поминати километри со Валтери Ботас во утринската и Луис Хамилтон во попладневната сесија. Тие комплетираа комбинирани 182 круга.

Вилијамс ФВ42 конечно го имаше дебито во рацете на „рукито“ Џорџ Расел, кој излезе со болидот на патеката во текот на попладнето. Британскиот тим уште ги чека резервните делови, така што тој заврши само 23 круга со 5 секунди послабо време од ривалите.

“That whole first season at United was fantastic. Everything was. I really enjoyed it. The family was happy, everybody was happy, the club took care of me and made it really easy for me. I just needed to turn up, put on my football boots and perform,” he added.

БАРСЕЛОНА – 3.ДЕН

1.Данил Квјат (Торо росо) 1:17.704, 137 круга

2.Кими Раиконен (Алфа Ромео) 1:17.762, 138 круга

3.Даниел Рикардо (Рено) 1:18.164, 80 круга

4.Себастијан Фетел (Ферари) 1:18.350, 134 круга

5.Макс Ферстапен (Ред бул) 1:18.787, 109 круга

6.Нико Хилкенберг (Рено) 1:18.880, 63 круга

7.Роман Грожан (Хас) 1:19.060, 69 круга

8.Пјетро Фитипалди (Хас) 1:19.249, 48 круга

9.Карлос Саинс Јуниор (Мекларен) 1:19.354, 90 круга

10.Серхио Перез (Рејсинг Поинт) 1:20.102, 67 круга

11.Валтери Ботас (Мерцедес) 1:20.693, 88 круга

12.Луис Хамилтон (Мерцедес) 1:20.818, 94 круга

13.Џорџ Расел (Вилијамс) 1:25.625, 23 круга

Scroll to Top