Top Sport

Латифи си оди од Вилијамс

Николас Латифи ќе го напушти тимот на Вилијамс на крајот на сезоната, беше објавено во петокот.

Поранешниот вицешампион во Формула 2 освои само седум поени на 55 трки во болидот на Вилијамс.

Сезонава се уште нема освоено ниту еден бод, па логично е да го напушти тимот по три неуспешни сезони.

„Иако не ги добивме резултатите што ги планиравме, тоа беше фантастично патување. Освојувањето на првите бодови во Унгарија минатата година е момент кој никогаш нема да го заборавам. Ќе започнам ново поглавје во кариерата со посебни спомени. Знам дека ова нема да не спречи остатокот од сезоната да го одработиме најдобро што можеме“, изјави Латифи.

Scroll to Top