Top Sport

Ранокија ја заврши кариерата

Италијанскиот фудбалер Андреа Ранокија објави крај на кариерата два дена откако го раскина договорот со Монца, чии член беше само три месеци. За Монца, ранокија одигра сам два натпревари.

Ранокија, поранешниот капитен на Интер, во август заработи тешка повреда. Тој решил да го раскине договорот затоа што сметал дека нема да биде на потребното ниво по враќањето на теренот. Така тој се откажа од четири милиони евра кои требаше да ги добие до крајот на договорот, а директорот на Монца Адријано Галијани јавно го пофали нарекувајќи го џентлмен.

„Благодарам на Монца за оваа можност, укажаната доверба и одличниот договор. За жал, веќе на почетокот на годината не се чувствував добро и како нешто да се исклучи во мене по 30 години страст за фудбалот. Почнав да чувствувам дека нема ништо во мене и да се преиспитувам.Тогаш доживеав тешка повреда“, изјави Ранокија.

„Немав страст и решителност да се обидам да се вратам по повредата, а не сакав да го измамам клубот кој веруваше во мене. Особено не сакав да се залажувам. Тоа сум јас. Се разделив со луѓето од Монца како пријател. Тоа е тоа. Мислам дека никогаш повеќе нема да играм“, додаде тој.

Ранокија пристигна во Монца како слободен играч од Интер, со кого договорот му истече во јуни. Тој беше во Интер од 2010 година и одигра 223 натпревари за миланскиот клуб. Во текот на кариерата Ранокија забележа 21 настап за италијанската репрезентација, во периодот од 2010 до 2016 година.

Scroll to Top