Top Sport

Леб ја наследи победата на Саинс на 8. етапа на Дакар релито

Рели ВРЦ легендата, Себастиен Леб ја „наследи“ победата на осмата етапа на Дакар релито, додека Насер Ал-Атијах го зацврсти своето водство во генерален пласман и е на чекор од нова победа во генерален пласман.

Саинс водеше во поголемиот дел од 367 километри долгата специјална етапа од Ал Дувадими до Ријад, за да победи со предност од 1:39 пред возачот на Рејд Екстрим, Леб. Меѓутоа, прославата во Ауди бргу беше прекратена, откако Саинс доби петминуна казна за прбрзо возење во одредени зони на етапата, за да му донесе на Леб втора етапна победа на овогодишната трка, со 2:11 предност пред Ал-Атијах. Саинс на крајот беше трет со 3:31 заостанување за комплетирање на катастрофалното рели за Тојота по повлекувањето на Стефан Петерхансел по повредата на неговито со-возач, Едуар Буланжер во шестата етапа.

Во генерален пласман, Ал-Атијах има 1:03:36 предност пред колегата од Тојота, Ханк Латеган пред првиот ден на одмор, додека Лукас Мораеш има дополнителни 17 минути заостанување. Леб е четврт во генерален пласман.

Scroll to Top