Top Sport

Лацио прими гол во 94. минута, сега имаат три меча без победа!

Неколку дена откако нивниот тренер Маурицио Сари изјави дека тимот има проблем со менталитетот, Лацио прими два доцни голови за да одигра само 2:2 со Емполи на домашен терен, за да не искористи да се доближи до топ 4 пласман на табелата.

Фелипе Андерсон ги донесе домаќините во водство по само две минути игра, за Матија Ѕакањи во 58. минута да го удвои нивното водство. Франческо Капуто го направи финишот на мечот интересен, откако во 83. минута намали на 2:1, пред Романецот Разван Марин во 94. минута да постигне гол вреден поен за гостите.

Лацио остануваат петти на табелата со 31 поени, сега три поени зад Интер на четвртото место, додека Емполи се 13. со 19 освоени поени.

СЕРИЈА, 17.КОЛО
Лацио – Емполи 2:2
Салернитана – Торино 1:1
Специја – Лече 0:0


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top