Трагична вест доаѓа од САД. Во несреќа со моторна санка загинал легендарниот рели возач Кен Блок на 55-годишна возраст.
Блок возел моторна санка во Јута со голема брзина, а во еден момент се превртел по што рели возачот загинал на лице место.
„Со голема жал ве известуваме дека Блок почина по несреќа со моторна санка“, соопштија од екипата Хуниган.
Rest in Peace to the GOAT Ken Block. His driving skills and car control were unreal. This particular one is off the charts crazy. I hope you’re up there drifting down those streets of gold brother. #GymkhanaForever
— Dr Obbs (@dr_obbs) January 3, 2023