Top Sport

Легендарниот Ф1-плејбој Хант „освоил“ 33 стјуардеси за две недели?

Познат како вистински пример за плејбој во Формула 1, поранешниот светски шампион Џејмс Хант имал секс со 33 стјуардеси на „Бритиш ервејс“ за само две недели во 1970-тите, тврди британскиот „Дејли мејл“.

И покрај тоа што беше на Ф1 патеките само шест години, Хант се смета за еден од најдобрите британски тркачи во историјата, откако стигна до светската титула во 1976 година пред Ники Лауда во драматичната битка претставена преку холивудски филм (еден од ретките биографски спортски филмови кои се вредни за гледање).

Пред клучната трка таа сезона во 1976 година, Јапонското ГП, Хант наводно ги поканил стјуардесите на „Бритиш ервејс“ во неговата соба во „Хилтон“ хотелот во Токио, тврди „Дејли мејл“.

Хант ја почна Ф1 кариераата во 1973 година со тимот на Хекет, пред да се приклучи на Мекларен на крајот на 1975 година, за следната сезона да ја освои титулата и да остане уште две години со помалку успех. Тој се повлече од спортот сред сезоната 1979 година, по што беше ТВ-коментатор, пред да почне на 45 години од срцев напад во 1993 година.

Scroll to Top