Top Sport

Леклер фрустриран, си ја призна грешката

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, ја презеде одговорноста за инцидентот во 18. круг, кој го означи крајот на неговото учество на трката за Големата награда на Франција.

Леклер водеше од почетокот на трката, а откако второпласираниот Макс Верстапен замина на промена на гуми, имаше голема предност пред своите конкуренти. Возачот од Монте Карло од почетокот на сезоната има проблеми со болидот, ова е втор пат во сезоната да остане без бодови поради сопствена грешка.
Разговорот помеѓу тимот и возачот по несреќата сугерираше дека причината за извртувањето е механички проблем на болидот, но Леклер јасно негираше дека автомобилот се однесувал невообичаено пред инцидентот.

„Тоа не беше дефект. Немаше механички проблем, јас згрешив. Исклучително сум фрустриран, се чувствувам како да возам најдобро од почетокот на сезоната, но бесмислено е ако правам вакви грешки“, рече 24-годишниот и додаде:

„Мислам дека изгубив 32 поени затоа што згрешив – седум на Имола и 25 денес, веројатно ќе победев. Имавме одлично темпо. Ако ја загубам титулата и заостанам помалку од 32 бода од шампионот, тогаш знам дека не заслужив да бидам шампион. Не смеам да грешам во вториот дел од сезоната ако сакам да станам шампион“.

Леклер е втор во шампионатот со 170 бодови, 63 помалку од лидерот и бранител на титулата Верстапен.

Следната трка е закажана за 31. јули на патеката Хунгароринг.

Scroll to Top