Top Sport

Леклер ги победи Ред бул за пол-позиција во Азербејџан!

Шарл Леклер со својот последен круг успеа да стигне до својата трета последователна пол-позиција на Азербејџанското ГП, победувјаќи ги фаворизираните возачи на Ред бул, Макс Ферстапен и Серхио Перез.

Поради промените во форматот на викендот на трките на кои ќе има спринтерска трка во сабота, денешната пол-позиција се важи за неделната трка, додека утре ќе има посебни квалификации за спринтот под име „спринт шатаут“.

Леклер успеа да биде за 0.188 секунди побрз од Ферстапен, за позитивна атмосфера во Скудерија по лошиот старт на сезоната, а во вториот ред покрај Перез во вториот Ред бул ќе биде и неговиот колега од Ферари, Карлос Саинс Јуниор. Во третиот ред, ќе има дуел на двајца светски шампиони – Луис Хамилтон во Мерцедес и Фернандо Алонсо во Астон Мартин, а во топ 10 се и Лендо Норис (Мекларен), Јуки Цунода (Алфа Таури), Ленс Строл (Астон Мартин) и Оскар Пјастри (Мекларен).

Scroll to Top