Top Sport

Анчелоти: Вини го удираат како Марадона и Пеле

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти повторно застана во одбрана на својата ѕвезда Винисиус Жуниор, велејќи дека тој добива третман каков што имаа и легендарните Диего Марадона и Пеле од своите противници.

Анчелоти одговараше на ситуацијата во која бразилскиот фудбалер е постојано мета на провокации и удари од своите противници на теренот, а во исто време добива и расистички закани од трибините.

„Од една страна тука се работите кои се случуваат на теренот, а од друга страна, тие надвор од теренот. Надвор од теренот, тоа е лошо за општеството, што уште се расправаме со расизмот во модерно општество. На теренот, пак, вистина е дека фудбалерите доста го клоцаат, тоа е очигледно. Марадона и Пеле исто така ги клоцаа за жал. Наша среќа е што Винисиус е силен физички и способен да ги издржи предизвиците“, вели Анчелоти.

Тој, сепак, ги повика судиите да ги заштитат играчите кои имаат вештини.

„Секако дека сме загрижени. Тој се обидува да го победи ривалот еден-на-еден, често дрибла. За да се зачуваа ваквиот тип на играчи, не само Винисиус, треба да е праведна цел. Само така ќе ги заштитиме“, вели Анчелоти.

Scroll to Top