Top Sport

Леклер и Ферари „летаа“ во Барселона, Гасли го искрши Ред булот

Новиот возач на Ферари, Шарл Леклер уште еднаш ја потврди брзината на новиот болид на Скудерија, додека новиот возач на Ред бул, Пјер Гасли го скрши болидот на претпоследниот ден тестирање во Ф1 во „Каталуња“ покрај Барселона.

Леклер го постави најдоброто време на зимското тестирање со предност од повеќе од половина секунда, пред Гасли да го уништи својот болид на брзата деветта кривина за втор судир на тестирањето.

Валтери Ботас од Мерцедес уште еднаш повтори дека Ферари се пред конкуренцијата, најавувајќи интересна сезона. Мерцедес повторно имаа потпросечен ден, не успевајќи да одредат постојаност во аеродинамиката на болидот.

„Изгледаат многу силно. Мораме да извлечеме многу од нашиот болид пред стартот на сезоната за да можеме да се натпреваруваме со нив“, изјави Финецот.

Леклер, кој дојде во Ферари по само една сезона за Алфа Ромео Заубер, вели дека е пресреќен со времето од 1:16.231.

„Болидот изгледа одлично од првиот ден. Балансот е одличен и тоа не се смени денеска.  Имам уште многу да учам, но добро е да се биде на првото место, иако ова е само тестирање“, вели Леклер.

БАРСЕЛОНА -3. ДЕН

1.Шарл Леклер (Ферари) 1:16.231, 138 кругови

2.Александер Албон (Торо росо) 1:16.882, 118 кругови

3.Лендо Норис (Мекларен) 1:17.084, 84 кругови

4.Пјер Гасли (Ред бул) 1:17.091, 65 кругови

5.Даниел Рикардо (Рено) 1:17.204, 65 кругови

6.Нико Хилкенберг (Рено) 1:17.496, 73 кругови

7.Ленс Строл (Рејсинг поинт) 1:17.556, 103 кругови

8.Антонио Џовинаци (Алфа Ромео) 1:17.639, 71 кругови

9.Роман Грожан (Хас) 1:17.854, 16 кругови

10.Луис Хамилтон (Мерцедес) 1:18.097, 85 кругови

11.Џорџ Расел (Вилијамс) 1:18.097, 85 кругови

12.Кевин Магнусен (Хас) 1:18.199, 53 кругови

13.Валтери Ботас (Мерцедес) 1:18.862, 96 кругови

Scroll to Top