Top Sport

Рамос доби дополнителен меч казна за намерниот жолт

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос доби дополнителна казна од еден меч во Лигата на шампионите од УЕФА поради намерното добивање на жолт картон во првиот осминафилен меч против Ајакс во Амстердам.

Рамос доби жолт картон во финишот на 2:1 победата над Ајакс, и сега ќе го пропушти реваншот и дополнитело првиот меч од четврт-финалето ако Реал го помине холандскиот клуб. На Шпанецот му се „испушти“ во интервјуто по мечот дека намерно добил жолт картон за да не ризикува суспензија во четврт-финалето, иако подоцна ги повлече коментарите.

„УЕФА реши да го суспендира Серхио Рамос на два меча од натпреварувањата на УЕФА поради очигледното намерно добивање на жолт картон“, се вели во соопштението на УЕФА.

Фото: ЕПА

УЕФА не простува, Рамос на дисциплинска за намерниот жолт картон

Scroll to Top