Top Sport

Леклер и Ферари најбрзи на „прекинатиот“ петок во Баку

Шарл Леклер беше најбрз на крајот на чудниот петок пред Азербејџанското ГП во Баку, откако првата тренинг сесија беше откажана поради „откачена“ шахта на патеката. Возачот на Ферари беше за една третина од секундата пред колегата Себастијан Фетел.

Откако првата сесија беше откажана, тимовите имаа само еден тренинг за собирање податоци и утврдување на сет-апот за утрешните квалификации и речиси сите возачи имаа околу 30 извозени кругови.

Двајцата возачи на Ферари имаа 28 кругови, додека третиот најбрз, Луис Хамилтон во Мерцедес, кој заостана 7 десетинки зад Леклер, комплетираше 31 круг. Макс Ферстапен во Ред бул беше четврти со 0.921 секунди заостанување, додека сите останати заостануваа повеќе од една секунда. Топ 10 го комплетираа Валтери Ботас (Мерцедес), Данил Квјат (Торо росо), Карлос Саинс Јуниор (Мекларен), Александер Албон (Торо росо), Пјер Гасли (Ред бул) и Лендо Норис (Мекларен).

Капак од шахта го прекина тренингот во Баку (Видео)

Scroll to Top