Top Sport

Леклер на пол-позицијата во Лас Вегас

Foto/ EPA

Возачите на Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саниц беа најбрзи во квалификациите пред трката за Големата награда на Лас Вегас.

Шарл Леклер 23. пат во кариерата ќе стартува од пол-позицијата. Проблем за него е што од претходните 22 пол-позиции забележал само четири победи. Возачот од Монте Карло до првото место дојде со круг 1:32.726 минути.

Доминацијата на Ферари во квалификациите ја потврди Карлос Санц кој го освои второто место. Сепак Шпанецот трката ќе ја започне од 12.позиција. Менуваше делови на својот болид поради што доби казна од 10 позиции.

Вториот стартен ред за утрешната трка го формираа актуелниот светски првак Макс Ферстапен и возачот на Мерцедес Џорџ Расел.

Квалификациите ги обележаа и возачите на Вилијамс, Алекс Албон и Логан Сарџент. Прв пат сезонава двајцата влегоа во третата квалификациска сесија. Трката ќеја започнат од шестото и седмото место, пред нив е Пјер Гасли од Алпин.

Меѓу десетте најбрзи на тренингот беа и Валтери Ботас (Алфа Ромео), Кевин Магнусен (Хас) и Фернандо Алонсо (Астон Мартин).

Разочарувачки квалификации во „градото на гревот“ имаа возачите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри кои испаднаа уште во првата сесија, односно Луис Хамилтон и Серхио Перез. Овие двајца за „влакно“ не влегоа во третата сесија.

Хамилтон за десеттата позиција доцнеше 28, а Перез 46 илјадити делови од секундата.

Трката за Големата награда на Лас Вегас, утре ќе започне во 7 часот по средноевропско време.

Scroll to Top