Top Sport

Голманот на Манчестер јунајтед Онана се повреди на натпревар за Камерун

Голманот на Манчестер јунајтед, Андре Онана се повреди на натпревар за репрезентацијата на Камерун.

Онана го напушти теренот во 81. минута од синоќешниот квалификациски натпревар за Светското првенство 2026 меѓу Камерун и Маурициус (3:0), откако доби болен удар.

Претходно се дозна дека партнерот на Андре во Манчестер јунајтед, англискиот напаѓач Маркус Рашфорд се повреди на натпреварот против Малта.

Онана оваа сезона прими 30 гола во 18 настапи за Манчестер јунајтед, со шест „чисти“ мрежи.

Scroll to Top