Top Sport

Леклер навистина се збунил – мислел дека Перез е Ферстапен!

Возачот на Ферари, Шарл Леклер мислел дека е на пат до пласман на подиум на Јапонското ГП во Сузука откако по грешка помислил дека болидот на Серхио Перез, кој не ја заврши трката е всушност болидот на победникот на трката, Макс Ферстапен.

Леклер заврши на четвртото место со 7 секунди заостанување зад Оскар Пјастри во Мекларен, и вели дека сфатил дека не е на подиум во последниот круг од трката. По трката, Леклер уште беше збунет, верувајќи дека го поминал Ферстапен во 14. круг од трката, а тоа било претекнуваање на цел круг на Перез.

„Го видов Макс како сопира за виртуелнот безбедносно возило, не знам што се случи тука и мислев дека веќе не е во трката. Затоа бев сигурен дека сум на подиум до последниот круг кога видов на таблата ек сум четврти“, изјави Леклер.

Запрашан дали мислел дека го видел Ферстапен како успорува на патетката, Леклер додаде: „Не, тој успори во еден момент, нели на излезот на 14-тата кривина. Тогаш сите го претекнавме“. Кога му беше посочено дека тоа бил Перез, Леклер, конечно, сфати: „А, океј. Тоа беше тоа. Мислев дека Макс е во аут во тој момент и тоа ме збуни“.

Scroll to Top