Top Sport

Ал-Хелаифи му врати на Меси: Клубот му даде целосен респект

Претседателот на Пари Сен-Жермен, Насер Ал-Хелаифи ја продолжи војната со зборови со Лионел Меси, отфрлајќи го тврдењето на Аргентинецот дека не добил респект како освојувач на светската титула по триумфот во Катар.

Аргентина ја победи Франција на пенали во финалето во Катар, на турнир каде што Меси го освои трофејот кој му недостасуваше во кариерата, но 36-годишниот Меси неодамна изјави дека тој бил единствениот од 25-те аргентински репрезентативци кои не добиле почест по титулата. Ал-Хелаифи го отфрла ова.

„Како што сите можеа да видат, бидејќи клубот дури објави видео, прославивме со Меси на тренинг, а потоа прославивме и со него приватно. Но, со целосен респект кон него, ние сме француски клуб. Секако беше незгодно да се прослви на стадионот. Мораме да ја почитуваме нацијата која ја порази, неговите соиграчи од француската репрезентација, и секако, нашите навивачи“, вели Ал-Хелаифи за „РМЦ спорт“.

Со ова продолжува „препукувањето“ преку медиумите на Ал-Хелаифи и Меси, кој очигледно не помина две најсреќни години на „Паркот на принцовите“, добивајќи дури свирежи од навивачите на клубот.

Меси пак контра ПСЖ: Од сите кои го освоивме СП само јас не добив признание од мојот клуб

Scroll to Top