Top Sport

Леклер: Поинаков менталитет со победнички болид

Шарл Леклер ги пофали Ферари за брзиот болид откако стигна до неговата четврта победа во кариерата на Австралиското ГП, дефинитивно најдоминантна досега.

Од пол-позицијата, 24-годишниот ас од Монако заврши со над 20 секунди предост пред Серхио Перез во Ред бул, забележувајќи ја втората победа во три трки оваа сезона за да стане фаворит за светската титула по две години во кои се мачеше со спорите машини на италијанскиот тим.

„Чувството е неверојатно. Посебно кога знаете дека под себе имате болид кој може да победува. Знам што има во болидот и сега треба да ја завршам работата, така што менталитетот е поинаков оваа година“, изјави Леклер.

Тој сега има 34 поени предност во генерален пласман пред Џорџ Расел во Мерцедес, и дури 47 поени предност пред светскиот шампион Макс Ферстапен, но сака да остане „приземјен“.

„Не сакам да се фокусирам на шампионатот, барем засега. Ќе биде фантастично да се тркаме во Италија, но и тој викенд е само вообичаен тркачки викенд. Сега не ни е потребен дополнителен притисок“, додава победникот.

Леклер со рутинска победа во Мелбурн, предвремен крај за Ферстапен

Scroll to Top