Top Sport

Никола Глигоров поднесе оставка на тренерската позиција во ФК Вардар

Никола Глигоров ја напушти тренерската позиција во најтрофејниот македонски клуб, ФК Вардар. Тој поднесе оставка преземајќи ја одговорноста по поразот од Гостивар (2:1) во последното коло од Втората лига Запад.

Вардар ја губи трката со Воска за второто место на табелата кое носи бараж за пласман во елитата и најверојатно и следната сезона ќе мора да игра во второлигашка конкуренција.

„Поднесов оставка од морални причини. Би сакал да се заблагодарам на сопственикот, спортскиот директор, играчите, лекарскиот тим, сите вработени во Хиподром и моите соработници Златко Таневски, Филип Ивановски, Бобан Грнчаров, Тони Богдановски, Игор Тасевски, Саша Илиќ. Од нив имав голема поддршка“, изјави Никола Глигоров.

Глигоров во септември минатата година ја презеде функцијата шеф на стручен штаб во ФК Вардар по заминувањето на Горан Симов.

Scroll to Top