Асот на Ферари, Шарл Леклер е победник на првата трка од новата сезона во Формула 1 шампионатот, откако ги изддржа трите напади од светскиот шампион, Макс Ферстапен на почетокот на трката, за да потврди дека Скудерија, конечно, има болид со кој ќе се гордеат нивните тифози и со кој ќе може да се оди на победи, па зошто да не, и светска титула.
Брзината која ја покажаа црвените болиди на зимското тестирање и саботните квалификации, очигледно не беше лажна, откако Леклер го заддржа првото место на стартот на трката, а потоа и трите напади на стартно-целната рамнина на Ферстапен, за да стигне до голема победа.
За Ферстапен пак, кој во текот на целата трка имаше проблеми со болидот, шоуто заврши на два круга пред крајот со откажување, а мизеријата за Ред бул продолжи кога во последниот круг откажа моторот и на Серхио Перез, кој беше на третото место.
Зад Ферари, Луис Хамилтон стигна до неочекуван подиум пред својот колега Џорџ Расел, а петтото место, спектакуларно отиде кај повратникот во Ф1, Кевин Магнусен во изненадувачки брзиот болид на Хас, пред Валтери Ботас во својата прва трка за Алфа Ромео, Естебан Окон во Алпине и фантастичниот Јуки Цунода на 8. место. Алонсо беше деветти во вториот болид на Алпине, а во својата прва трка неочекувано до поен стигна и дебитантот, Кинезот Гуанју Жоу.
CHARLES: “I’m so happy. We could not have hoped for better. The past two years have not been easy. It’s great to be back on top”#BahrainGP #F1 pic.twitter.com/ck5cnbynFA
— Formula 1 (@F1) March 20, 2022
? END OF RACE ?
TOP 10
Leclerc
Sainz
Hamilton
Russell
Magnussen
Bottas
Ocon
Tsunoda
Alonso
Zhou#BahrainGP #F1 pic.twitter.com/119F7HBSbQ— Formula 1 (@F1) March 20, 2022