Top Sport

Лендо Норис во Монца ќе вози со кацига инспирирана од Валентино Роси

Младиот возач на Мекларен, Лендо Норис, кој на минатата трка во Спа имаше срцепарателен финиш во кој моторот му откажа во последниот круг додека беше на петтото место, сепак е подготвен за Италијанското ГП во Монца со „италијански начин“.

Норис ја откри својата нова кацига, посебна за трката во Монца, во сино-жолта комбинација инспирирана од Мото ГП великанот, Валентино Роси.

„Кога си во Италија, носи нешто жолто како Вале Роси“, напиша Норис на Фејсбук.

Норис успеа да се сретне со својот идол, деветкратниот светски шампион на неодманешната Мото ГП трка во Силверстоун, и очигледно бил под впечаток. Покрај кацигата, тој ќе има посебни патики за возење во чест на „Докторот“.

Scroll to Top