Top Sport

Клоп се разбудил во камион по прославата на титулата со Дортмунд

Јирген Клоп откри една неверојатна приказна од неговото минато – како се разбудил во камион по прославата на титулата од Бундеслигата на Борусија Дортмунд во 2011 година.

„Милионерите“ тогаш завршија со 8 поени пред Баер Леверкузен во фантастична сезона и по кревањето на славниот „штит“, Клоп претерал со славјето, нешто што го признава во новиот документарен филм за Борусија на „Амазон“.

„Бев многу пијан и тоа се забележуваше на некои интервјуа. Не се сеќавам на многу работи и тоа е разбирливо. Не сум сигурен дали сум го кажал тоа. Се разбудив во камионот во гаражата. Сам! Се сеќавам на тоа, но не на часовите кои претходнеа. Се разбудив, излегов од камионот и видов дека сум во голема фабричка хала. Свирнав силно и го видов директорот Аки Вацке“, вели Клоп.

Приказната оди понатаму – Клоп и Вацке морале да пронајдат превоз, а Дортмунд бил „затворен“ поради победничката парада, така што тие платиле 200 евра да се возат во караван со кокошки.

„Аки сопре стар Мерцедес. Беше еден Турчин во караван. Аки побара да не превезе, но тој одби, но тогаш извади 200 евра од џебот и се согласивме. Аки седна напред, јас одзади и си ја удирав главата од прозорот. Не ми се веруваше кога слушнав кокодакање, и потоа ми кажаа дека во гепекот имаше кокошки“, додава Клоп.

Scroll to Top