Top Sport

Леопрад го сака местото на Сузуки во Мото ГП

Трикратниот шампион во категоријата Мото3, Леопард Рејсинг, од следната сезона би можел да го замени Сузуки во Мото ГП, потврди за „Автоспорт“ првиот човек на тимот, Кристијан Лундберг.

На почетокот на неделата се појави изненадувачка вест дека јапонскиот тим ќе ја напушти кралската класа на крајот на сезоната, а иако се очекуваше дека ќе следи официјална потврда, таа се уште не е пристигната.

Наместо тоа, Дорна, сопственикот на шампионатот, излезе со соопштение во кое нагласи дека Сузуки не може туку така да одлучи да го напушти Мото ГП бидејќи има договор до крајот на 2026 година, како и другите производители.

Во истото соопштение се наведува и дека има голем интерес од независни тимови, но и производители кои не се во најсилната класа да го заменат Сузуки доколку се укаже прилика.

Леопард во последните години не крие дека сака да се приклучи на најсилната категорија.

Леопард, инаку, влезе на Светското првенство во 2015 година и оттогаш освои три титули – со Дени Кент, Жоан Мир и Лоренцо дала Порто. Тимот од Луксембург имаше излет во Мото 2, но се повлече по само една сезона.

Scroll to Top