Top Sport

Вулверхемптон без менаџерот на гости кај Челси

Вулверхемптон на утрешниот натпревар против Челси ќе биде без менаџер Бруно Лаге. 45-годишниот португалски стратег е позитивен на коронавирус, објави клубот.

„Волците“ се во серија од три последовни порази и се на прагот да ги загубат шансите за настап во Европа следната сезона.

Вулверхемптон заостануваат три бода зад седмопласираниот Вест Хем, но има еден одигран натпревар помалку. Сепак, има „пеколен“ распоред до крајот на сезоната.

По утрешното гостување на „Стемфорд Бриџ“, следната недела ќе му гостуваат на Манчестер Сити, а во последното коло му одат на Ливерпул.

Scroll to Top